Бугарија има режим на полуконсолидирана демократија. Процентот на демократија во таа земја е 58,93 отсто, за разлика од претходните 60 отсто, а оценката за почитување на демократските вредности е 4,54 на скала од 1 до 7, каде што 7 е највисоко ниво на демократски напредок, се посочува во последниот извештај на Фридом хаус.
Рејтингот на изборниот процес во земјата е намален од 5,75 на 5,50, откако промените во изборната рамка дозволија да се зголеми влијанието на специјализираните интереси и по неуспехот да се реши прашањето за транспарентност и изборите, пренесува БГНЕС.
Рејтингот на независните медиуми се намали од 3,75 на 3,50 како последица на континуираната консолидација на медиумскиот сектор, политичко мешање во работата на јавните телевизиски оператори и вознемирување на критички настроените новинари од страна на обвинителите и јавните службеници, велат набудувачите.
Анализата на Фридом хаус се однесува на периодот од јануари до декември 2019 година, односно пред пандемијата на Ковид-19.