Процентот на Русите кои се задоволни од работата на шефот на државата Владимир Путин се намали на досега најниски 59 отсто, објави агенцијата за истражување на јавното мислење Левада Центар.
Путин и понатаму е популарен меѓу оние кои имаат „мали шанси да го подобрат својот живот”, како на пример повозрасната популација и дел од руралното население, наведува агенцијата.
Се додава дека само 12 отсто од луѓето на возраст меѓу 18 и 24 години ја одобрува работата на Путин.
Анкетата е спроведена минатиот месец, кога бројките на заразени и починати од новиот коронавирус во Русија почнаа да ги надминуваат оние во Кина.
Според резултатите од истражувањето, се зголемува и незадоволството од државата меѓу оние лица кои „не ја добиле очекуваната помош во текот на зголемената економска криза”.