Пејачот Владо Калембер се збогува со својот пријател, македонскиот музичар и телевизиски водител и шоумен Драган Вучиќ, кој почина од коронавирус.
Калембер му посвети емотивна објава на Вучиќ.
„За жал, изгубив уште еден одличен пријател, еден од најпознатите македонски ТВ водители. Тажно… Збогум стари … Кога и да ми се јавеше, велеше:„ Здраво, стари! “ Неодамна ми испрати една од твоите песни за да снимиме дует. Еднаш кога и јас ќе заминам горе ќе ја понесам таа снимка … па ќе ја отпееме”, напиша Калембер со фотографијата заедно со Драган Вучиќ…
Преземено од lokalno.mk
https://www.instagram.com/p/B_1CKmvpQV6/?igshid=k2yb766oq00f