До три години затвор ако се користи јавниот превоз без маска и ракавици

Јавниот првоз во Белград почнува да функционира од 8 мај. За да го користат овој превоз граѓаните ќе мораат да носат заштитна опрма, маска и ракавици. Во случај ако има непослушни граѓани ќе интервенира комуналната полиција. Обврска на возачот и контролорите ќе биде да не дозволуваат влез на граѓани во автобусите ако немаат заштитна опрема. Доколку го сторат тоа и му прогледаат некому низ прсти ќе се соочат со казна и до три години затвор. Ако граѓаните не ги почитуваат предупредувањата и насила влезат во автобусите без маски и раквици ќе биде известена комуналната полиција, по што и тие ќе се соочат со ригорозни казни.

Ова се новите пропишани правила по враќањето во функција јавниот превоз во Србија откако беше суспендиран поради пандемијата од коронавирусот.

Возилата од јавниот превоз во Белград ќе имаат обележани седишта кои можат да се користат, а кои треба да останат празни, а ќе бидат маркирани и позициите на кои ќе може да се стои. Доколку овие позиции бидат исполнети возачот нема да смее да прима нови патници.

 

Треба да знаете
Последни објави