Започна Самитот на ЕУ за Западен Балкан Загреб 2020, кој оваа година се одржува со видео конференција.
Овој Самит ја потврдува определбата на ЕУ дека регионот е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за Европска унија.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски изразува искрена благодарност до нашите хрватски пријатели, лидерите на ЕУ институциите и лидерите на земјите членки на ЕУ за можноста да се одржи самитот во видео конференциска форма што стана наша секојдневна реалност.
Самитот во Загреб е симболичен бидејќи точно пред 20 години исто така во овој град беше одржан првиот од серијата самити на кои се отвори европската перспектива за земјите од регионот.
Премиерот Спасовски на партнерите од ЕУ денеска ќе им порача дека Северна Македонија е подготвена заедно со Европската Комисија и Европскиот Совет да ја закажеме првата меѓувладина конференција за да го отпочнеме преговарачкиот процес согласно новата методологија.
Самитот на ЕУ за Западен Балкан Загреб 2020 се одржува за време на пандемијата од КОВИД-19, но донесе и нешто позитивно – јасно ја покажа солидарноста на ЕУ за итна поддршка за здравствениот сектор и со финансискиот пакет за соочување со социо-економските последици, и тоа ја прави Европската унија единствена и посебна и посакуван дом и за нашите граѓани.