НБА ќе ги отвори базите за тренинзи во држави каде е олеснет режимот на самоизолација

НБА-лигата ги извести кошаркарските клубови дека центрите за тренинзи ќе бидат отворени во петок во голем број држави каде властите го олесниле режимот на изолација. Ова преку социјалните мрежи го соопшти инсајдерот на „Њујорк тајмс”, Марк Штајн.

На 11 март, НБА ја прекина сезоната 2019/20 по позитивен тест на коронавирус кај центарот на Јута Руди Гобер.

На 20 март, лигата ги затвори сите центри за тренинзи и им забрани на кошаркарите да користат јавни места и фитнес центри.

Треба да знаете
Последни објави