Нојер: Ако сезоната продолжи во Германија целиот свет ќе не следи

Голманот на германскиот бундеслигаш Баерн, Мануел Нојер го сподели своето мислење за продолжување на сезоната 2019/20 во Бундеслигата.

– Одлуката за продолжување на сезоната ќе има последици во секој случај. Ова ќе влијае и на аматерски и младински тимови, како и на другите спортови покрај фудбалот. Сите европски земји, целиот свет ќе гледаат пример во нас. За нас, ова е неверојатна одговорност, мора да го запомниме ова. Мора да разбереме дека нешто што се случува сега е многу важно. Фудбалерите се дел од општеството во улога на модели. Се разбира, ние само сакаме да играме фудбал, но сега тоа не е доволно, изјави Нојер.

Сезоната во Бундеслигата беше прекината поради пандемијата на коронавирус. Претходно беше објавено дека сезоната може да продолжи на 15 мај.

Треба да знаете
Последни објави