Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска телефонски разговараше со неговиот руски колега Сергеј Лавров за следните чекори во врска со контролата на оружјето, соопшти американскиот Стејт департмент.
Во претходниот разговор со рускиот министер за надворешни работи, одржан минатиот месец, Помпео рече дека ќе бидат неопходни идни разговори за контрола на вооружувањето во кои би била вклучена и Кина.
Двајцата политичари денеска разговараа и за напорите за глобален одговор на новиот коронавирус, се вели во соопштението на Стејт департментот.