Интегрален текст од изјава за медиуми Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје
Петре Шилегов оди по примерот на неговиот шеф Зоран Заев, кој се откажа од македонскиот јазик и корени. Шилегов, Оливер Спасовски и Стево Пендаровски на 4-ти Мај не положија свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев или на некој негов споменик во градот Скопје.
Што мисли Шилегов за херојот Гоце Делчев и каков е односот на градот покажува унаказаниот споменик на херојот Гоце Делчев позади мене. Преполн со графити, оштетувања и негрижа на градската власт. Ова е тажна и разочарувачка слика која говори за односот на Шилегов и градот Скопје кон најсветлиот лик во македонската историја. Пендаровски го направи Bугарин, Заев тргува со неговото име, а Шилегов не презема ништо за срамните оштетувања на спомен обележјето на Гоце Делчев. Како тргнал ќе ни каже и дека ќе го руши и овој споменик, бидејќи тоа е неговиот наратив.
Шилегов е платен од парите на народот, а не од Зоран Заев, доколку не му се допаѓа македонската историја и не сака да ги штити македонските интереси задолжително да си поднесе оставка, бидејќи и самиот кажа дека не живее од плата, тоа нема да му биде проблем. Така ќе ги спаси скопјани и градот Скопје од неговата не работа и неспособност.
Дејствијата на Шилегов се само дополнување на негаторскиот однос на Бугарија кон Македонија, кој го имаме само заради Зоран Заев. Негацијата на нашиот јазик и корени е токму заради СДСМ. Тие наместо да застанат во одбрана на нацијата, тргуваат со сопствениот народ.