Русија почнува со повлекување на трупите за помош од Италија

Руското Министерство за одбрана во четврток ќе почне со повлекување од Италија на трупите за нуклеарна, биолошка и хемиска (НБЦ) заштита кои ѝ помагаа на Италија во реакцијата против пандемијата на Ковид-19, изјави рускиот министерот за одбрана, Сергеј Шогу, пренесува „Спутник“.

„Утре ќе почнеме со повлекување на трупите за НБЦ заштита од Италија. Барам од началникот на Генералштабот да организира свечен прием на тимовите и да ми предложи мерки за стимулација за истакнатите војници, лекари и сите оние кои се ангажирани за дезинфекција на италијанските градови и објекти “, рече Шојгу.

Од 22 март, 15 руски воени авиони со експерти за вирусологија и епидемиологија на Министерството за одбрана, пристигнаа во Италија за да помогнат во борбата против пандемијата на коронавирусот и да достават опрема за дијагностика и за дезинфекција.

Италија неодамна објави дека има најниско дневно зголемување на бројот на починати од средината на март.

Поради постојаниот позитивен тренд, владата ги воведе првите мерки за релаксација на националниот карантин што стапи во сила на 4 мај. Сепак, граѓаните ќе треба да почекаат до 18 мај за отворање на продавниците и музеите, а салоните за убавина, фризерите, барови и рестораните ќе бидат отворени дури по 1 јуни.

Во Италија, која е една од најтешко погодените земји од пандемијата, има речиси 212.000 потврдени случаи на коронавирус и повеќе од 29.000 смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави