Само во април, 122 милиони Индијци останаа без работните места

Најмалку 122 милиони Индијци во април ги изгубија работните места поради мерките воведени за сузбивање на епидемијата на Ковид-19.

Стпаката на невработеност во индија сега изнесува рекордни 27,1 отсто, покажуваат податоците на Центарот за следење на индиската економија (ЦМИЕ), јави Би Би Си. Податоците укажуваат дека бројот на лицата кои во перидов останале брз работа во Индија е четири пати поголем отколку во САД.

Земјата е под посебни рестриктивни мерки од 25 март, што доведе до затворање на речиси сите несуштински бизниси. први на удар беа работниците – мигранти, кои откако останаа без својата привремена работа, пеш ги напуштија градовите и се вратија во своите села. Но, не останаа поштедени ниту оние со неограничени договори за работа, откако големи компании од секторите на медиуми, воздухопловство, малопродажба, угостителство, автомобили, отпуштија дел од вработените.

Податоците на ЦМИЕ покажуваат дека од 122 милиони кои останале без работа, 91,3 милиони биле мали трговци или работници.

Треба да знаете
Последни објави