Во исчекување на одлуката на Владата за олабавување на мерките за спречување и ширење на вирусот Ковид 19, СЦ „Борис Трајковски” започна со подготовка на содржините во комплексот.
Се преземаат сите неопходни процедури за подигнување на нивото на хигиената, се спроведува чистење, како и целосна дезинфекција на целиот спортски центар. Со дезинфекција, како и превентивни мерки за заштита на здравјето на сите корисници на центарот,секојдневно ќе се продолжи и по отворањето кое се очекува да биде наскоро.