Италијанскиот првак Јувентус планира да го продаде играчот од средниот ред Сами Кедира, пренесува „Калчомеркато”.
Според информациите, клубовите од Англија и Соединетите држави покажале интерес за 33-годишниот Германец. Договорот на Кедира со Јувентус е до јуни 2021 година.
Играчот од средниот ред оваа сезона има само 17 натпревари за италијанскиот клуб, бидејќи се опоравуваше од повредата на коленото.
„Transfermarkt.com” го проценува Кедира на 5,5 милиони евра.