Како и секој друг граѓанин на нашата земја огорчени сме од фактот, дека Владата на оваа земја дури и за време на оваа пандемија функционира со врски, делејќи ги граѓаните од кои некои имаат корист, додека други ја плаќаат цената за тоа, реагираат од Алијанса за Албанците.
-За жал, само лицата кои немаат врски завршуваат во државниот карантин, додека други се пуштени во куќна изолација. Како ова да не е доволно, документите што мора да бидат потпишани за време на карантинот, се само на македонски јазик, и покрај барањето на многу граѓани да ги добијат овие документи и на албански јазик. Алијансата за Албанците неколку пати реагираше на ова прашање затоа што ова право, што им се одзема на граѓаните на нашата земја, почна скапо да ги чини, велат од АА.
Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, вчера преку прес-конференција истакна дека секој граѓанин има право да биде информиран на јазикот што го разбира, особено кога ова право е гарантирано со уставот и законот.
-Но, денес сме сведоци на една пресуда каде е прогласен за виновен едно лице кое одби да го потпише документот доставен до него затоа што не го разбира македонскиот јазик. Нашата држава, покрај тоа што крши закон загарантиран со закон, во ова време на криза неправедно ја влошува економската состојба на своите граѓани. Се надеваме дека ова нема да биде начин за нашата влада повторно да погоди во џебовите на своите граѓани, со цел да ја наполни државната каса, затоа бараме овие пресуди да бидат прогласени за неважечки. Оправданоста на обвинението нема правна основа, затоа што ниту еден граѓанин не може да биде принуден да потпише нешто што не го разбира, а покрај документите, на граѓаните мора да им се обезбеди и преведувач. Врз основа на ова, бараме сите казни да се прогласат за неважечки, затоа што ние мора да бидеме на услуга на граѓаните да ја подобриме нивната состојба а не да ја влошиме, велат од АА.