Tом Круз снима филм на вселенската станица

Aкционата sвезда Том Круз работи на филм снимен во вселената, соопшти Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) во вторникот.

„НАСА е возбудена што работи со Том Круз на филм на Space Station!“, напиша Администраторот на НАСА, Џим Брајденстин на Твитер, цитиран од „Ројтерс“.

„Ни требаат популарни медиуми за да инспирираме нова генерација на инженери и научници да ги направат амбициозните планови на НАСА реалност,“ додаде Брајденстин.

Тој не откри детали, но твитот уследи по веста што ја објави интернет-порталот „Дедлајн Холивуд“ дека Круз работи со Елон Муск, претприемачот на „Тесла“ и „Спејс-икс“, на создавање на првиот долгометражен филм снимен во вселената.

Проектот, акција-авантура, е во рана фаза, објави „Дедлајн“ во понеделникот.

Претставниците на Круз не одговорија на барањето за коментар.

Ѕвездата од серијалот „Невозможна мисија“ Круз (57) е познат по своите акциони филмови и по тоа што сам ги изведува опасните сцени, без каскадери.

Тој управува со борбени авиони за претстојниот „Топ Гун: Маверик“, виси од страната на авион при полетување во „Невозможна мисија“, се искачува на облакодерот Бурџ Калифа во Дубаи – највисоката зграда во светот – за четвртото продолжение „Невозможна мисија: Протокол дух“.

Треба да знаете
Последни објави