Австриската новинска агенција го намалува бројот на вработени

Австриската новинска агенција (АПА), што е во сопственост на повеќе австриски медиуми, ќе го намали бројот на вработени за 10 проценти.

Директорот на АПА, Клеменс Пиг изјави дека како последица на новиот коронавирус и економската тешка ситуација во медиумите приходот на Агенцијата од плус пет отсто ќе се намали на еден процент, поради што е неминовно намалување на бројот на вработени.

Тој истакна дека во АПА во моментот работат 145 новинари, а просечниот број на вработени во новинските агенции во Европа се движи од 90 до 130.

Советот на уредници и советот на вработени не сакаат да го прифатат најавеното намалување на бројот на вработени, туку предложија намалено работно време, што го воведоа многу австриски медиуми, како и јавниот сервис ОРФ.

Пиг го одби предлогот, истакнувајќи оти се потребни економски мерки и покрај епидемијата.
АПА е групација, во чиј состав покрај новинската агенција, има и други дејности, со вкупно 500 вработени.

Треба да знаете
Последни објави