Тренерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше на тема, засилувања во тимот.
– Знаете што значи Арсенал за целиот свет. Секој сака да дојде овде, и многу јасно разбираме кои сме. Не треба да ги убедувам играчите да играат за Арсенал. Ако тоа е потребно, тогаш за мене ова не е добар почеток. Треба да биде нешто како: „Што да правиме? Сакам да играм за овој клуб и да ги претставам точно вредностите на играта што сакам. Уште од самиот почеток сакам да чујам некакви емоции, изјави Артета.
Тој истото им го порача и на сегашните членови на тимот.
– Истото важи и за играчите кои веќе се тука. Штом ќе завршиш, какви чувства ќе чувствуваш кон клубот? Ова е она што навистина ме интересира, рече Артета.