Димитров за Н1: Ќе биде тешко да се каже „не” на македонската ервопска приказна

Со нашата политика се трудиме да создадеме атмосфера каде ќе биде тешко да не се каже „да” на нашата приказна, на македонската европска приказна. Очекуваме Комисијата да ја подготви преговарачката рамка на почетокот на следниот месец, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за хрватски Н1 во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб.

– Мислам дека се она што го правиме дома се рефлектира во двата важни извештаи, еден од фондацијата Бертелсман и „Нациите во транзиција” од Фридом хаус. Во двата извештаи Северна Македонија е една од ретките земји кои што оствариле голем напредок. Во однос на трендот. Останува уште многу работа, но трендот е зелен, што е многу позитивно. Ако продолжиме дома со така силна реформска приказна и мудра политика кон нашите соседи и државите членки, мислам дека ќе создадеме шанса за успех и почеток на преговори за членство и ќе ја имаме нашата прва меѓувладина конференција за време на германското претседателство со ЕУ, нагласува Димитров, прашан дали смета дека Северна Македонија ќе добие датум за почеток на преговори во јуни.

Во однос тоа дали новата методологија има повеќе смисла, Димитров, нагласува дека не се плаши, посочувајќи дека не сме се бореле толку да добиеме преговори за кога ќе почнеме да назадуваме со реформите.

– Воведена е реверзибилнност – ако некоја држава назадува во битните прашања како што е демократијата, слободата на медиумите, владеење на правото, тогаш процесот оди наназад. Не се плашиме од тоа. Не се боревме толку долго да почнеме процес на преговори за да се движиме назад. Ќе го користиме процесот како алатка сериозно да загриземе и ја направиме нашата држава функционална, просперитетна европска демократија, нагласува Димитров.

Прашан дали смета дека земјите од Западен Балкан треба да бидат дел од Конференцијата за иднината на Европа, Димитров вели дека ако регионот навистина има сигурна европска иднина, како што велат европските лидери, тогаш е особено важно да се чуе и нашиот глас во создавањето на таа иднина.

За тоа како скепсата на некои земји членки кон проширувањето и владеењето на правото во земјите од Западен Балкан влијае на јавното мислење во Северна Македонија, Димитров вели дека е особено важно ЕУ да биде доследна и директна кога се во прашање основните начела и вредности.

– Во нашата земја самиот поим Европа, а особено поимот Европска унија, асоцира на ред, нормалност, просперитет, правда и иднина. Така и тие асоцијации се есенцијално поврзани со наративот за Европската унија. ЕУ има два главни магнети и столбови – еден е заедничкиот пазар, а вториот е самата асоцијација на тие вредности. Затоа е особено важно за ЕУ да биде доследна и директна кога се во прашање овие основни начела и вредности, нагласува Димитров во интервјуто за Н1.

Треба да знаете
Последни објави