Германската канцеларка Ангела Меркел денес објави серија чекори договорени со 16-те германски премиери за олеснување на рестриктивните мерки воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, изјавувајќи дека заврши првата фаза од пандемијата, но дека пред земјата се уште престстои долг пат.
-Се наоѓаме во момент кога ја постигнавме нашата цел за забавување на ширењето на вирусот и ние успеавме да го заштитиме нашиот здравствен систем … така што беше можно да разговараме и да се договориме за натамошно ублажување на мерките, изјави Меркел пред новинарите, пренесоа британските медиуми.
Врз основа на договорените мерки за ублажување на мерките ќе им се овозможи на членовите на две домаќинства да можат да се сретнат, ќе се отворат се поголем број продавници каде ќе треба да се спроведат и одржуваат мерките за хигиена, но во сила остануваат упатствата за држење физичка дистанца од еден и пол метар и обврската за носење маски што ги покриваат устата и носот во јавниот превоз.