Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска ги разочара фудбалските љубители во земјата, но и во целиот свет, откако го одби планот за продолжување на Бундеслигата на 15 мај. На седницата од Владата, која беше одржана утрово, била донесена одлука дека сите фудбалери од првите две по квалитет фудбалски натпреварувања во Германија ќе мора да минат низ 14-дневен карантин. Тоа значи дека Бундеслигата најрано би можела да почне на 22 мај.
Ваквата одлука е донесена поради големиот број заразени со коронавирусот меѓу бундеслигашките играчи, кои излегоа на површина по масовните тестирања кои се случија во клубовите. Доколку последните девет кола од Бундеслигата се одиграат, германските клубови од ТВ правата ќе имаат приход од нови 300 милиони евра со кои ќе си ја подобрат финасиската ситауација во услови на коронавирусот кога бележат големи загуби.