Прес-конференција, Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени СДСМ
Кадарот на Христијан Мицкоски, министерoт за внатрешни работи, Наќе Чулев продолжува со несериозно и неодговорно однесување во време на сериозна здравствена криза. Додека припадниците на полицијата имаат голем обем на работа, Наќе Отсјај повлече 80 полициски возила и стотици полицајци за да снима спот. Додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наводно се загрижени за здравјето на полицајците, Чулев ги ангажира за пропагандни видеа. Наместо полицајците да им бидат на располагање на граѓаните, тие неколку часа биле ставени на располагање на Наќе Отсјај. Тоа е истата режимска матрица на МВРО-ВМРО.
Одамна е јасно дека за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле важни граѓаните, никогаш не биле важни институциите. Важен им е само личниот и партискиот интерес. Свесни за тоа, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бегаат од соочување со граѓаните и со право се исплашени од новиот пораз што им следува на избори. Граѓаните одново ќе го казнат ваквото неодговорно, несериозно и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.