Николас Кејџ доби улога во новата серија за животот на Џо Егзотик

Николас Кејџ (56) ќе го отелотвори ликот на славниот Џо Егзотик во новата серија базирана на документарната серија на Нетфликс, Tiger King. Актерот ќе ја преземе главната улога во серијата што беше инспирирана од животот на Егзотик, пренесуваат американските медиуми.

Драмата со осум продолженија ќе ја продуцираат Imagine Television Studios и CBS. Извори велат дека серијата во осум продолженија ќе открие како Џо Шреибвогел стана планетарно популарен.

Таа ќе го следи животот на човекот што го водеше егзотичниот парк за животни „Гритер Винивуд“ во Оклахома и неговата опсесија со пари. Исто така, ќе биде прикажано како тој ги продавал нелегално тигрите што ги злоупотребувал секојдневно.

Серијата се заснова на написите на Леиф Ригстадс, кој пишуваше за Егзотик со години, а продуцентската компанија во јуни 2019 година ги откупи правата на неговите текстови.

Џо во моментот е во затвор, каде што издржува затворска казна од 22 години поради злоупотреба на животни и планирање убиство на својата противничка Карол Баскин, љубителка на големи мачки.

Треба да знаете
Последни објави