Невладините ЧЕЛИМ и Ромски ресурсен центар, во соработка со Општина Виница, го имплементираат проектот „Обезбедување пристојни услови за домување за ромската заедница во Општина Виница – СДХ“, финансиран од ЕУ.
Со оглед на актуелната ситуација и потешкотиите причинети од пандемијата со Ковид-19, менаџментот на проектот, поддржан од Канцеларијата на ЕУ, утре почнувајќи од 11:00 часот ќе подели пакети со храна и хигиенски средства на 100 загрозени ромски семејства во населбата Блок 18 во општина Виница, се вели во соопштението.