САД не учествуваа на виртуелниот глобалан самит, донаторската конференција за снабдување на светот со вакцина против Ковид-19, што се оддржа во понеделникот, затоа што на настанот била присутна и Кина, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Тој истакна дека САД се најголемиот спонзор во светот во борбата против пандемијата и со денешните 128 милиони долари дополнителна здравствена и хуманитарна помош, се стигна до бројката од 900 милиони долари вкупно дадени досега откако почна кризата.
-Значи, страната која е одговорна за ова (пандемијата), и ова започна во Вухан, Кина, беше таму и ние жалиме што тие не беа повикани на транспарентност… Како што сфатив, кинеската Комунистичка партија, не даде ниту цент (за вакцината), изјави Помпео на брифинг за новинарите.
Помпео истакна дека САД соработуваат блиску со земјите членки на ЕУ како Франција, Велика Британија или Германија, и дека „тие земји согледуваат, како што согледува и САД, како сето ова започна, како можеше да биде поинаку, и дека сега треба да се променат некои работи за да се спречи постоечката криза”.
-Некои работи треба да се променат за да се минимизира ризикот и вакво нешто никогаш повеќе да не се повтори. Сметам дека луѓето низ цела Европа согледуваат како ова започна, и нема да толерираат водење бизнис како ништо да не се случило, и притоа да се движат напред, изјави Помпео.
Според него, несовпаѓачките изјави на високи официјални лица како онаа на експертот Ентони Фаучи и на генералот Марк Милеј, не значи дека ставовите во администрацијата се разидуваат.
-Не е важно дали вирусот настанал во лабораторија или се појавил по природен пат, најважното во сето ова е дека американскиот народ е ставен пред голем ризик, бидејќи не знаеме дали вирусот се појавил во лабораторија или на друго место.
Единствен начин да се дојде до одговор е транспарентноста, отвореноста, она што го прават сите нации ако сакаат конечно решение за ваква глобална пандемија, и ако сакаат учество во активности за заштита на луѓето и отварање на економиите, изјави Помпео на денешниот брифинг.