Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран 21 нов случај на Ковид-19, од кои 11 се однесуваат на здравствена структура на грчките вооружени сили, а почина уште едно лице, јави дописничката на МИА од Атина.
Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 2.663 позитивни случаи и 147 смртни случаи.
Како што соопшти шефот на експертската комисија за новиот коронавирус при Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, 36 лица се лекуваат приклучени на апарати, а 82 биле отпуштени од Одделите за интензивна нега.
Досега во Грција анализирани се 87.052 примероци.