Само четири до пет проценти од Чесите стекнале имунитет на коронавирусот

Само четири до пет проценти од Чесите стекнале имунитет на новиот коронавирус, соопшти чешкото Министерство за здравство.

Министерството истакна дека имунитетот на новиот коронавирус во земјата се гради многу бавно и оти досега го стекнале не повеќе од 4 до 5 проценти од населението.

Прелиминарните податоци доаѓаат од масовно тестирање на антитела што започна во април.

Во Чешка од почетокот на епидемијата се заразени 7.896 лица, а починаа 257 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави