Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Работната група на Белата куќа задолжена за кризата со коронавирусот ќе ја продолжи својата работа на пандемијата, фокусирајќи се на вакцините и терапијата.
„Поради својот успех Работната група ќе продолжи да работи на неодредено време, со натамошен фокус врз безбедноста и повторното отворање на нашата земја”, напиша Трамп на Твитер, пренесоа британските медиуми.
„Работната група ќе биде многу фокусирана на вакцините и терапиите”, напиша Трамп.