Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски, во интервју за италијански портал открифва дека минатото лето имал понуда да се пресели во Милан, но завршил во шпанската Мајорка. Трајковски заедно со соиграчот од македонската репрезенатција Илија несторовски беа дел од тимот на италјанскиот Палермо.
-Понуда имаше, но не се реализра докрај работата за да бидам дел од славниот Милан. Ова е фудбал и се случуваат разни работи. Може да се каже дека работата е готово кого ќе се стави потпис на договорот. Имав и други опции да остана да играм во Италија, но кога се појави во опција преселбата во Мајорка, одлучив да ја сменам средината и да се обидам во Шпанија. Можеби еден ден ќе се вратам во Италија – вели Трајковски, кој не го заборава Палермо и за деновите минати во клубот и градот вели:
– Палермо остануваат во моето срце, се надевам дека ќе се пласираат во Серија Ц следната сезона, а потоа ќе се вратат таму каде што заслужуваат. Секогаш ќе навивам за нив, можеби некогаш ќе се вратат и во Серија А. Мојот прв гол за Палермо беше многу важен за мене, ми дадоа стимул и самодоверба – рече Трајковски, кој во Мајорка најмногу се дружи со Анте Будимир, а има шанса да игра и тренира заедно со Таке Кубо, младиот Јапонец кој е на позајмица од Реал Мадрид.
-Со Будимир играв пред девет години во хрватскиот Интер Запрешиќ. Некој да ми кажеше дека после толку години, пак ќе бидеме заедно, немаше да верувам – заклучува Трајковски.