Хрватска ги подготвува правилата за старт на туристичката сезона

Директорката на загрепската Клиника за инфективни болести Алемка Маркотиќ кажа дека сите лица кои сакаат да влезат во Хрватска од сега ќе мора да имаат потврда дека се тестирани за коронавирусот. Тестот не смее да биде постар од 24 часа. Хрватските медиуми пренесуваат кога ќе започне сезоната какви мерки ќе треба да исполнат туристите за да дојдат на годишен одмор на Јадранското море. Договори ќе има за  какви епидемиолошки мерки ќе применуваат угостители, хотелиери и приватното сместување. Сите тие почнуваат да се подготвуваат оваа недела за отворање на туристичката сезона, која би можела делумно да започне на 1 јуни, пишува „Јутарњи лист“.

Угостителите, хотелиерите и претставниците на приватните здруженија за сместување ќе се договорат за епидемиолошки мерки на видео-состаноци со Министерството за туризам и Националниот штаб за цивилна заштита. Угостителите веќе предупредуваат дека нема да ги отворат рестораните, баровите и кафулињата на 11 мај, ако условите кои ќе бидат понудени се премногу строги, доколку треба да имаат големи празнини меѓу масите и да поставуваат плексиглас, затоа што само ќе им се зголемуваат загубите. Затоа угостителите и туристичките работници од Хрватската комора на занаети и занаетчии побараа да им се дозволи да ги отворат своите внатрешни простори, по примерот на Австрија.

Весникот пишува дека најверојатно ќе се започне само со отворање на објектите кои имаат тераси, како што е дефинирано со заклучокот на владата.

 

Треба да знаете
Последни објави