Џон Леџенд го нарече Доналд Трамп идиот

Џон Леџенд остро го искритикува американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „идиот“.

Пејачот ги коментираше, како што рече, „глупавите“ предлози на американскиот лидер – алудирајќи на сугестијата на Трамп дека вбризгување средства за дезинфекција може да им помогне на пациентите со коронавирус – и рече не верува дека може да постои некој што полошо ја води нацијата во ова време.

„Тоа е толку смешно. Просто не можам да поверувам во реалноста дека го избравме овој идиот да биде претседател на САД. Нештата кои тој ги кажува се смешно глупави, смешно себични и нарцисоидни“, вели пејачот во интервју за GQ Hype.

„Тој изнакажа еден куп смешни домашни лекови кои луѓето не треба да ги користат и мисли дека е брилијантен затоа што има роднина кој е доктор.“

„Не ги слуша научниците и носи одлуки од лична корист. Тој не размислува многу за тоа како да се справи со големите, комплексни проблеми кои бараат планирање и долгорочна визија.“

„Тој е токму спротивното од она што ни треба сега“, рече Леџенд додавајќи дека пандемијата ќе трае многу подолго во Америка поради некомпетентноста на претседателот, неговата себичност, кратковидост и неспособност да координира вистински национален одговор.

Треба да знаете
Последни објави