Ванеса Брајант на својот роденден го отвори писмото од Коби

На својот роденден Ванеса Брајант го отвори писмото упатено до неа од сопругот Коби Брајант, кој на почетокот на годината го загуби животот во тешка авионска несреќа.
„Вчера најдов коверт со наслов ’За љубовта на мојот живот, твојот Папи’. Чекав да отворам уште едно писмо на мојот роденден. Тоа ми даде причина да се радувам на нешто до ден-денес. Иронично е што Коби дал да нацртаат ангел што ме држи. Ми недостига љубовта на мојот живот и мојата Мамачита – мојот Бик во хороскоп, како што сум и јас. Благодарна сум што можам да се разбудам покрај моите три ќерки. Посакувам да бевме сите заедно“, напиша Ванеса покрај фотографијата од ковертот додавајќи го хаштагот #моја роденденска желба.

Треба да знаете
Последни објави