Петчлено семејство од Кичево остана без својот дом откако тој целосно изгоре во пожар што избувна синоќа на улицата “11 Октомври”.
-Останавме на улица бидеќи се ни е изгорено, цела покуќнина, книгите на децата, компјутерот, облеката, но сепак нема настрадани луѓе тоа е среќа во несреќа. На време излеговме од домо, дојдоа пожарникарите и пожарот беше изгаснат. Ние сега останавме без ништо, низ солзи раскажуваше Нурије Белулоска, која се надева на помош од хуманитарните луѓе.
Освен станот на семејството Белулоски оштетен е и станот на семејството Алими, бидеќи двата стана имаа заеднички кров и дождот што синоќа наврна и нив им направи огромна штета.
Инаку, овие стана се во рамки на старата зграда на поранешниот Централен комитет, а првичните сознанија се дека пожарот избувнал во кровот на зградата, поради стара и дотраена електрична инсталација.
Причината за пожарот ќе ја покаже истрагата.