Грчките историски локалитети, вклучително и Акропол во Атина, ќе бидат отворени за посетителите на 18 мај по два месеца, објавија грчките власти.
Античките локалитети и сите музеи беа затворени кон средината на март како дел од мерките за изолација поради пандемијата на коронавирусот. Рестрикциите постепено се укинуваат од оваа недела.
Музеите повторно ќе бидат отворени кон средината на јуни, а театарските претстави и концертите на отворено ќе почнат кон средината на јули, рече министерката за култура, Лина Мендони. Правилата за социјална дистанца и безбедност сè уште ќе треба да се почитуваат.
Стотици музичари, актери и уметници се собраа пред зградата на парламентот барајќи поголема поддршка за нивниот сектор.
„Ние сме тука“, пишуваше на порака испишана со креда на улицата. Демонстрантите мавтаа со огромна театарска кукла.
Многу уметници настапија во живо на интернет за сограѓаните во изолација.
„Останавме дома, но не молчевме“, посочуваат од нивниот синдикат.