– Израелскиот Врховен суд донесе пресуда синоќа со која премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговиот противкандидат на изборите, Бени Ганц, можат да формираат влада за национално единство иако премиерот е обвинет за казнени дела.
Предвидено е Бенјамин Нетанјаху и Бени Ганц да положат заклетва на 13 мај, со што ќе стави крај на најдолгата политичка криза во поновата израелска историја.
Сега се гледа излез од политичка криза што се влошува од декември 2018 година, со три предвремени избори кои досега не успеаја да обезбедат влада.
Пресудата на Врховниот суд е по тужба на опозициска партија и невладини организации, и требаше да донесе одлука за законитоста на договорот за коалиција, особено дали Бенјамин Нетанјаху би можел да ја води земјата додека е под обвиненија за корупција.
Највисокиот суд во државата ги отфрли сите жалби против договорот, за кој се расправаше во Кнесетот, израелскиот парламент, со „едногласна одлука” доцна синоќа.
„Ние не пронајдовме никаква правна причина зошто не може да се формира влада на премиерот Нетанјаху …, но заклучокот до кој стигнавме не ги намалува најмалку обвиненијата дадени против премиерот”, рекоа судиите.