Кавга меѓу две жени кулминирала во пресметка со нож

Несекојдневна ситуација се случила во белградската населба Умка, кога две жени почнале да се расправаат, па кавгата кулминирала со пресметка во која бил употребен и нож. Една од жените извадила нож и полесно ја повредила другата.

Вчудоневидените соседи во паника да не се случи трагедија повикале веднаш полиција. Во необичната и несекојдневна пресметката според српските медиуми една од жените кои физички почнале да се пресметуваат, има расекотини по телото.

По пристигнувањето на полицијата на местото на настанот со двете жени е извршен разговор, но што точно бил поводот за насилничкото однесување на жените ќе треба да покаже истрагата.

 

Треба да знаете
Последни објави