Реализираната онлајн продажба и во изминатиот период ќе подлежи на контрола од УЈП и ќе се проверуваат одредени прекршувања коишто ги таргетираат даноците. Во вчерашното гостување во емисијата Економски магазин на Алсат ТВ, директорот на УЈП Сања Лукаревска појасни како државата ќе го заштити буџетот при неплаќањето даноци во онлајн продажбата. Со оглед дека во изминатиот период услугите се префрлија на интернет каде што контролата е многу мала, а наспроти компаниите коишто плаќаат даноци, овој друг дел е нелојална конкуренција што се развива на одредени онлајн платформи.
“За сите оние кои што вршат онлајн продажби а не доставуваат фискална сметка. Меѓутоа, самиот обврзник кога ќе ја направи таа достава, го знае износот на самата роба, знае и колку е данокот и треба тоа да се внесе во самата фискална сметка. Имаше ситуации коишто допреа до нас како даночен орган, дека наместо да се стави името на самиот производ, беше ставено само “производ”, онака баш бегло напишано и таму дека има данок 0, меѓутоа ние како ќе видиме за кој производ станува збор и тоа е анализа којашто допрва не очекува и којашто допрва треба да ја правиме” објасни директорката Лукаревска.