Познатиот актер Бен Афлек (47) доби специјална пратка во својата вила во Лос Анџелес.
Холивудските папараци пред вилата на Афлек во Брентвуд фотографираа црно комбе и човек од обезбедувањето, кој носел црна маска на лицето и бил вооружен.
Неговата пратка ја испорачала компанијата Malca-Amit Armored, која е специјализирана за испорака на скапоцени метали, дијаманти, накит, дела од ликовната уметност и скапоцени предмети.
Кога ја видоа фотографијата, светските медиуми, како и обожавателите, се прашуваа што дошло на адресата на Афлек и дали можеби станува збор за свршенички прстен за неговата нова девојка.
Бен од неодамна е во врска со кубанско-шпанската актерка Ана де Армас, со која се запозна на снимањето на еротскиот трилер „Длабока вода“, каде што глумеа брачна двојка. Тие не кријат колку се заљубени, а пред пандемијата на коронавирусот заминаа на романтично патување во нејзината родна Куба и исто така ја посетија и Костарика.
Оскаровецот е толку маѓепсан со својата нова девојка што сака да ја запознае со своите деца, но неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, со која беше во брак 13 години, го замоли да почека.