Фудбалерите на Волфсбергер имале задолжителен тест на антитела за коронавирус, па резултатит ебуквално ги шокирале Австријците. Лекарските тестови покажале дека скоро сите биле заразени, но за среќа ниту еден од фудбалерите не појавил симптоми, ниту имал некакви проблеми.
„Овие тестови покажаа дека Ковид-19 бил меѓу фудбалерите, но сите тие биле асимптоматски. Едноставно сите го имале вирусот, а никој не бил свесен, ниту приметил“, пишува „Клајне Цајтунг“.
После ова, откако клупскиот лекар Јоханес Вајнбергер ги видел резултатите и останал шокиран, решил поради невообичаениот број на позитивни тестови на присуство на антитела од коронавирус, повторно да се спроведе тестирање…
Преземено од sport1.mk