Приведени 29лица- не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие (06/07.05.2020) на територијата на Република Северна Македонија на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 25 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 40 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 29 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Треба да знаете
Последни објави