Денеска регистрирани 22 оздравени пациенти, а 33 новозаболени од корона вирусот и еден починат пациент, рече на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Вкупната бројка на заразени пациенти од почетокот на епидемијата па досега изнесува 1572.
-Денеска имаме скок на новодијагностицирани пациенти и тоа ќе биде следено да се утврди дали ќе биде варијација или ќе стане тренд. Досега имавме неколку вакви случаи, па ќе ќе следи во текот на утрешниот ден и во сабота, па ќе следат дополнителни одлуки, но засега остануваат сите мерки и апелирам граѓаните да ги почитуваат, рече Филипче.
Новата монтажна клиника располага со 72 кревети и засега таа е празна.
-Стигнаа и 20 монитори помош од ЕУ, уште дополнителни 25 илјади маски,хируршки маски, ракавици, заштитни ракавици во вредност од 3,2 милиони евра, а стигна и потврда дека ќе пристигнат 20 респиратори од Норвешка, што со овие 20 практично имаме значаен број на зголемување на респираторни мажини со кои располагаме во ашата земја, рече Филипче.