Тројца играчи и тројца вработени во Фиорентина имаат коронавирусот, според официјалната веб-страница на клубот.
Нивните имиња не се соопштени. Сите тие се сместени во услови на самоизолација.
Остатокот од екипата ќе тренира утре како што е закажано, а играчите ќе поминат медицински прегледи и фитнес тестови.
Сè уште не е јасно кога и дали ќе продолжи сезоната во Серија „А”, а надежите се дека тоа ќе биде на крајот на мај или во текот на јуни, но одлуката зависи од италијанската влада.