Десетици авиони и хеликоптери летаа над Москва како дел од подготовката на воздушната парада по повод 75-годишнината од Денот на победата во Втората светска војна, пренесува „Спутник“.
Рускиот претседател Владимир Путин ја одложи парадата што требаше да се одржи на 9 мај поради епидемијата на коронавирусот.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тогаш рече дека 9 мај е свет ден за Путин и дека веројатно му било тешко да донесе таква одлука, но дека здравјето на граѓаните е на прво место за претседателот.
Церемонијата ќе се одржи кога ќе помине епидемијата. Според најновите податоци, во Русија 177.160 луѓе се заразени со коронавирусот, а 1.625 луѓе починале.