(Видео) По корона-кризата луксузна јахта прва се укотви во пристаништето во Бар

 

Една од најатрактивните јахти на светот „Оливиа О“ која плови под знамето на Кајманските острови пристигна во пристаништето во Бар. „Белата убацица“ во Бар се укотви поради дотур на гориво.

Ова е прв пловен објект кој е примен во барското пристаниште откако  Кризниот штаб за борбата против пандемијата со корнавирусот во Црна Гпора даде согласност на 23 април за отворање на црногорските пристаништа за наутички туризам.

-Јахтата е со должина од 86 метри и има 30 член екипаж. По пријавата на поморско-оперативниот центар следена е на радарскиот систем при Управата за морска безбедност. Пред да влез во водите на барското пристаниште пречекана е од спасувачкиот чамец САР-1, соопшти Жарко Лукшиќ,  началникот за надзор и контрола на поморскиот сообраќај од Управата за безбедност при пловидба.

Јахтата успешно е прифатена и вкотвена во пристаништето со почпитување на сите пропишани мерки за заштита од ширење на заразната пандемија предизвикана од коронавирусот. Во наредниот период се очекува пристигнување на поголем број на пловни објекти во црногорските пристаништа и за сите нив ќе биде применета процедурата за безбедно прифаќање, сместување и изолација во марините.

 

Треба да знаете
Последни објави