Русија забележа нови рекордни 11.230 случаи на новиот коронавирус во еден ден, а вкупниот број на заразени лица скокна на 177.160.
Рускиот стожер за коронавирус соопшти дека 88 лица починале во текот на ноќта, а бројот на починати во Москва, епицентарот на епидемијата, се искачи на 1625.
Во рускиот главен град се пријавени 6703 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2 во текот на ноќта.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собијан, изјави еден ден порано дека бројот на новозаболени се зголемува поради зголемениот број на тестирања.
Русија ја престигна Германија и се најде на петтото место во светот по бројот на заболени.
И покрај ширењето на пандемијата, земјата официјално се подготвува на 12 мај да почне постепено да ги укинува изолационите мерки што беа во сила од крајот на март.