Штедењето во банка претставува здрава животна навика, бидејќи не само што на овој начин се зголемува вредноста за издвоените средства поради каматите кои се добиваат на депозитите, туку се обезбедува и сигурност за иднината и полесно справување со непредвидени ситуации. Каква што, на пример, е моменталната криза предизвикана од пандемија со КОВИД -19.
За сите оние кои ќе решат дел од својот буџет да го издвојуваат како депозит, идеални можности нуди производот на Халкбанк – Evolve депозит кој има атрактивни каматни стапки кои растат на секои шест месеци. Притоа, Банката нуди два типа од овој производ – Evolve депозит со можност за дополнителни вложувања и Evolve депозит со можност за предвремено раскинување, па секој штедач може да одбере тип на депозит кој најмногу му одговара.
За двата вида депозити заедничко е што рокот на орочување е 24 месеци, имаат фиксни каматни стапки кои се зголемуваат на секои шест месеци, каматата се исплаќа на крајот на периодот на доспевање, а штедењето може да биде во денари или во евра, при што минималниот износ на вложување е 3.000 денари, односно 50 евра.
Evolve депозитот со можност за дополнителни вложувања, без можност за делумни повлекувања, нуди шанса за дополнителни уплати на депозитот, односно штедачот може да врши уплати кога сака и колку сака. Дополнителните уплати може да се прават преку електронско банкарство, на шалтерите и со траен налог. Кај овој вид депозит, каматата во првите шест месеци, ако се штеди во денари е 0,60%, за второто шестмесечје е 1,20%, за третото – 2% и за четвртото – 2,40%. Просечната каматна стапка за целиот период на орочување од 24 месеци кај депозит во денари изнесува 1,55%. Доколку се штеди во евра, каматата во стартот на штедењето е 0,40%, за второто шестмесечје изнесува 0,80%, за третото – 1,20% и за четвртото – 1,60%. Просечната каматна стапка за целиот период на орочување од 24 месеци кај депозит во евра изнесува 1%.
со можност за дополнителни вложувања | со можност за предвремено раскинување | |||||
Периоди (6 месеци) | МКД | ЕУР | Периоди (6 месеци) | МКД | ЕУР | |
I Период | 0,60% | 0,40% | I Период | 0,30% | 0,20% | |
II Период | 1,20% | 0,80% | II Период | 1,10% | 0,60% | |
III Период | 2,00% | 1,20% | III Период | 2,00% | 1,10% | |
IV Период | 2,40% | 1,60% | IV Период | 2,40% | 1,50% | |
Просечна кам.стапка | 1,55% | 1,00% | Просечна кам.стапка | 1,45% | 0,85% |
Депозитот не се реорочува автоматски при досепавањето, а во случај на предвремено раскинување на договорот, се пресметува камата по видување според Одлуката за пасивни каматни стапки на Банката и истата изнесува 0%.
Evolve депозитот со можност за предвремено раскинување, нема можност за дополнителни уплати, ја има таа карактеристика што во случај на предвремено раскинување на депозитот се пресметува камата со каматна стапка од претходниот период. При делумно повлекување во првиот период, се пресметува камата со каматна стапка по видување, согласно Одлуката за пасивни каматни стапки на Банката и истата изнесува 0%.
Кај овој производ, доколку се штеди во денари, каматата од 0,30%, колку што е во првите шест месеци, расте на 1,10% за вторите шест месеци, односно 2% и 2,40% за третото и четвртото шестмесечје. Кај штедењето во евра, каматите за секое шестмесечје изнесуваат 0,20%, 0,60%, 1,10%, односно 1,50%. Просечната каматна стапка за целиот период на орочување од 24 месеци кај депозит во денари изнесува 1,45%, а кај депозит во евра 0,85%. Предвремено повлекување е овозможено еднократно и на целиот износ.
Искористете ги предностите на новиот Evolve депозит, каматна стапка која расте на секои 6 месеци и почнете да штедите.