Куман ја напушти болницата

Минатата недела, холандската легенда Роналд Коман беше итно примен во болница поради проблеми со срцето. За среќа, селекторот на „лалињата” се опорави и во моментов е дома.

Во знак на благодарност за целата поддршка што ја доби, Куман објави писмо на страницата на локалната федерација.

– Минатиот викенд беше шокантен. Секако за мене, но особено за моето семејство и пријатели. За среќа, лекарите ми помогнаа брзо и прекрасно, за што сум многу благодарен. Фантастично беше што ме поддржувавте преку пораките што ги добив. Дојдоа пораки и од луѓе од светскиот фудбал и од странци. Ова ми помогна многу и би сакал да им се заблагодарам на сите. Сега се чувствувам здрав како риба, напиша Куман.

Треба да знаете
Последни објави