Македонија бележи црни рекорди поради неодговорната и несовесна работа на власта на СДСМ

СДСМ се синоним за лагата.

Секоја нивна лага времето  ја демантираше.

Фактите се безмилосни.

Македонија е рекордер во регионот по смртност на 1 милион жители.

Македонија во споредба со Словенија, земја која има речиси иста големина и број на жители направила само 185 тестови завчера, а Словенија 1 449.

Македонија има огромен број заразени здравствени работници, што е последица на недостатокот на маски, ракавици, дезифициенси, медицинска опрема и лош менаџмент на здравствената криза.

Македонија поради неодговорноста на власта на СДСМ и Заев уште пред почетокот на кризата создаде буџетска дупка од 120 милиони евра со што секое семејство во Македонија го задолжи со 250 евра нов долг. Таа дупка, поради ненавремените и лоши мерки се проценува дека ќе порасне до крајот на година на речиси 1 милијарда и 300 милиони евра.

Додека СДСМ си тера предизборен маркетинг секој ден граѓани заболуваат и умираат од корона вирусот. Тие се повеќе заинтересирани како да набават октоподи, лигњи, школки, апетисани, виски, шампањи и бурбони за себе, отколку за здравејто и работните места на граѓаните.

Епидемијата за жал ја користат и за догазување на достоинството на граѓаните или за некој нов матен тендер. Народот тоа го гледа и го чувствува. Розовите очила во СДСМ ќе ги донесат до изборен пораз кој што ќе им биде неминовен, кога и да се одржат изборите.

Треба да знаете
Последни објави