Маричиќ на ТВ 24: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци со македонски јазик, Бугарија тоа не го условува

„Ние имаме чиста одлука за преговори со ЕУ и на таа одлука се согласува и Бугарија. Кај Албанија има услови, кај нас нема. Бугарија нема услов во одлуката за преговори, но решила да изрази дополнителен, едностран документ во кој наведува дека треба да се спроведе договорот, но во таа еднострана изјава Бугарија наведува делови кои не се содржани во договорот. Но сепак, таквата изјава нема да ги отежнува ниту преговорите, ниту европската иднина на државата. Бугарија не е е во расположение да не блокира.“ – изјави Бојан Маричиќ, меѓународен секретар на СДСМ и национален координатор за евроинтеграции, на гостувањето на ТВ 24.

Тој објасни дека Бугарија во ниту еден момент не ги спори македонската националност и јазик.

„Бугарија ни е сојузник во НАТО, во Советот на Европа, во ОБСЕ, во ООН, таму знаеме како фигурираат националноста и јазикот. Може да зборувамке за историските настани и личности, но има работи за кои не можеме да разговараме. Самите изјавија, Борисов изјави дека ја прифаќаат реалноста со јазикот и националноста. Ние мораме да влеземе со ладни глави и разумно и да успееме во нашата цел, а наша цел е да го зачуваме идентитетот и да влеземе во ЕУ, исто како што направивме со НАТО. Треба да влеземе во ЕУ такви какви што сме. Спорот со Грција беше заведен во ООН и под медијаторство на нивен преставник ние преговаравме. Со Бугарија е сосема поинакво, толкување на некои историски прашања. Ако се држиме до договорот можеме да најдеме начин да надминеме се. Пријателството и блокадата не одат заедно, а ние сме пријатели. Затоа ќе бидеме во ЕУ како Македонци. Па Договорот со Бугарија е потпишан и на македонски јазик“- поентираше Маричиќ.

Во врска со некои историски личности и настани кај кои запна експертската билатерална комисија Маричиќ смета дека Договорот со Бугарија не е создаден да не доведе во ситуација некој да се откажува од нешто историско.

„За да не се дискутира ова на политичко ниво, дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин, беше формирана комисија од експерти. Тие имаат четири поглавја затворено што значи има резултат, затоа да им оставиме ним да направат толкување на историјата и тоа да биде двете страни да имаат право на историјата. Делчев е многу важен дел од нашата историја и тоа не може да се смени со политичка одлука. Политиката на оваа влада не е да се кара со соседите, тоа е еден од условите за напредок кон ЕУ. Бугарија цело време ќе биде наш сосед и затоа пријателството е многу важно.“ – заврши Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави