Орбан на „Фејсбук“ им посака среќа на матурантите со мапа на Голема Унгарија

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на „Фејсбук“ објави честитка за матурантите кои „пишуваат историја“.

Но, тоа не е обична честитка, туку мапа на Голема Унгарија. Притоа им посака среќа на учениците.

Ова не е прв пат Орбан да објави мапа. Тоа го стори и во декември, кога објави фотографија од состанокот на претседателството на партијата Фидес, што се одржа пред големата мапа на „историска Унгарија“.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, во тоа време рече дека, колку што знаел, тоа не е прв пат картата да биде прикажана на состаноците на Фидес, пишува хрватски „Индекс“.

Минатиот јуни, на твитер-страницата „За Унгарија“ објави илустрација со која се сугерира дека по Првата светска војна и Тријанонскиот договор, на Унгарија и биле одземени две третини од територијата, вклучувајќи дури 63 000 квадратни километри кои се дел од денешна Хрватска, Словенија и Србија.

Кога Орбан го посети Осиек во јуни, каде што го пречека Пленковиќ, тој носталгично зборуваше за Славонија и Барања како „најбогатите делови на нашата (унгарска) држава“.

 

Треба да знаете
Последни објави