Руските и турските воени сили денеска продолжија со патролите во областа на деескалација на Идлиб по продолжена траса, и по првпат стасаа до градот Јерихон. Ова беше објавено пред новинарите во Центарот за помирување на завојуваните страни.
„За прв пат заедничката патрола стигна до градот Јерихон во провинцијата Идлиб. Должината на трасата е зголемена на околу 15 километри”, соопшти руското Министерство за одбрана.
Патролата беше спроведена во делот на автопатот М4 што ги поврзува градовите Алепо и Латакија. Два руски БТР-82А и оклопни возила „Тигар” вклучени од руската страна, а воздушната контрола ја вршат беспилотни летала на руските воздухопловни сили, пренесува ТАСС.